Одржан Младински турнир во шах Ласкер 2022
ШК Ласкер Охрид, во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид, на 30.09.2022 (петок) во ООУ „Братство Единство“ Охрид, го организираше Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2022, за учениците од основните училишта од општина Охрид.
Учесниците беа поделени во две категории ПИОНЕРИ (до 5 одд), на овој турнир учествуваа 40 ученици од кои еден учесник оди во ЈОГД „Јасна Ристеска“ Охрид и КАДЕТИ (од 6 до 9 одд) во оваа категорија учествуваа 22 ученика.
Турнирите се игра по Швајцарски систем во 6 кола.
На Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2022 – ПИОНЕРИ медалјите ги освоија:
🥇 1 место Серафимоски Мартин, со освоени максимум 6 поенни од ООУ Христо Узунов,
🥈 2 место Анѓелоски Драган, со освоени 5 поенни од ООУ Григор Прличев,
🥉 3 место Котушеска Јована, со освоени 5 поенни и послап бухолц од ООУ Григор Прличев
На Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2022 – КАДЕТИ, медалјите ги освоија:
🥇 1 место Матески Стефан, со освоени максимум 6 поенни од ООУ „Григор Прличев“,
🥈 2 место Велкоска Ивана, со освоени 5 поенни од ООУ „Григор Прличев“,
🥉 3 место Бирачоски Мартин, со освоени 4 поенни и најдобар бухолц од ООУ „Братство Единство“.
Турнирот е финансиски подржан од Општина Охрид.
Комлетните резултати може да се видат на www.laskerohrid.weebli.com
WebOhrid / 01.10.2022 / ШК Ласкер Охрид