02/12/2024
Охрид

Одржан „OFF ROAD RACING” Куратица 2022

На надморска височина од 1400 мнв кај месноста викано ТИНА, на 27 Ноември Куратица беше домаќин на несекојдневен настан „OFF ROAD RACING“ Куратица 2022, на кој право на учество имаа, џипови, мото крос, АТВ.

Патеката беше со вкупна должина од 2300 метри која беше уредно обележана. Правило за џиповите беше да учествува возач и совозач – помошник, мотокрос и АТВ по едно лице-односно само возачот.

Во екстремни – зимски услови на настанот имаше огромен интерес, со што Куратица покажа дека може понуди уште една туристичка атракција во Охрид.

Од страна на организаторите беше обезбедено дополнителен шанк со храна, пијалоци, озвучување, редари, стручни лица за мерење на време.

Целиот настан беше LIVESTREAM – емитуван во живо на социјалните мрежи (Куратица, Охрид Инфо и Дедо Димо Ресторан) и youtube.

По завршувањето на трката следуваше прослава во Етно ресторан Дедо Димо и прогласување на најдобрите.

МОТОКРОС:

1. Филип Димоски 4 мин 8 сек 41 стотинка

2. Кристијан Давидоски 4 мин 11 сек 30 стотинки

3. Наумче Чулчески 4 мин 31 сек 53 стотинки

АТВ:

1. Даме Горѓески 4 мин 51 сек 03 стотинки

2. Владимир Јовчески 4 мин 52 сек 18 стотинки

3. Ристе Ристески 6 мин 2 сек 08 стотинки

ЏИП до 2500 см³:

1. Јованчо Стојаноски 5 мин 54 сек 03 стотинки

2. Борче Митрески 6 мин 48 сек 10 стотинки

3. Дарко Попоски 7 минути 35 сек 13 стотинки

ЏИП над 2500 см³:

1. Лавдрим Велиу 5 мин 12 сек 41 стотинка

2. Александар Илоски 5 мин 36 сек 89 стотинки

3. Славчо Аврамоски 5 мин 42 сек 39 стотинки