Одржан протест за поддршка на адвокатот Менкиноски
Денес во 12:00 часот пред Основниот суд во Охрид се одржа протест против судењето на охридскиот адвокат Тони Менкиноски.
Адвокатот Тони Менкиноски се суди за „нарушување на јавниот ред и мир“, бидејќи на 27 април 2023 на Долна порта во Охрид тој истакна знаме со Сонцето од Кутлеш.
Денешниот настан го организираше Организацијата „Сончева револуција“ која упати повик до сите граѓани, да се придружат пред Судот во Охрид и да ја искажат својата поддршка за Тони Менкиноски, кој како што велат нема да се брани само себеси, туку ќе ја брани слободата и слободната волја на изразување на секој од нас.
WebOhrid / 04.07.2023