Одржан првиот државен текбол турнир
Викендов се одржа првиот државен турнир во Македонија во две категории: “Men single” и “Men doubles” во кој учествуваа вкупно 17 натпреварувачи.
Турнирот беше одржан и организиран во малата сала во Јане Сандански. Настанот беше поддржан од Македонскиот Олимписки комитет, општина Аеродром, Горска и Меѓународната текбол федерација Fiteq.
Турнирот донесе голема заинтересираност кај помладата генерација која се надеваме дека ќе биде иднината на овој нов спорт.
Големи заслуги има и претседателот на Текбол федерацијата на Македонија, Марио Ѓорѓиев кој направи се да помине во најдобар ред.
Прво место во “Men singles” освои Димитар Пејчиновски, второто место го зема Борис Локвенец а третото Коста Трифуновски. Во “Men doubles” златниот медал го освоија Димитар Пејчиновски и Коста Трифуновски, сребрениот Дарко Стевкоски и Андреј Најдовски, а бронзениот медал го освоија Давид Николовски и Никола Петковски.
WebOhrid / 16.09.2024 / МОК