25/11/2024
Спорт

Одржан првиот меморијален атлетски митинг „Влатко Димитров“

Викендов во Охрид се одржа првиот меѓународен меморијален атлетски митинг „Влатко Димитров“ кој се реализира во организација на АФМ и АК „Охрид“. Учество зедоa околу 140 учесници. Градоначалникот д-р Јован Стојаноски со поздравен говор го отвори атлетскиот митинг и додели медалји во категоријата 100м во женска конкуренција. Особено не радува што членовите на АК „Охрид“ продолжуваат по стапките на професорот Димитров.

На овој митинг се освоија бројни медалји:  Јулијана Бељаноска освои прво место во дисциплината фрлање ѓуле и второ во диск. Блаже Љушев трето место во машка конкуренција во скок во далечина, Марија Јованоска, трета на 400 метри, Стефан Стефаноски, прв во фрлање диск и трет копје. Мартина Мироска беше прва во скок во далечина за жени, Елена Лазороска трето на 1500 метри и трета на 3000 метри стиплчејз. Срушен личен рекорд на Стефан Стефаноски во диск.