Одржан семинар за „Примена на Системот за пренамена и намалување на јаглеродот во меѓународното воздухопловство“
„Примена на Системот за пренамена и намалување на јаглеродот за меѓународното воздухопловство”, (CORSIA), беше тема на дискусија, на тридневниот семинар, кој деновиве се одржа во Скопје, во организација на ИКАО и Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ.
На состанокот, како настан од исклучително висок интерес, како за македонското цивилно воздухопловство, така и за авиоиндустријата во Европа и регионот, учество земаа околу 120 преставници од над 55 земји од светот.
Со свое присутво, присутните на семинарот, ги уважија и министерот за транспорт во Европската унија, Хенрик Хололеј, генералниот директор на EUROCONTROL, Еамон Бренан,
Оценувајќи го како исклучително успешен состанокот во Скопје, заменик директорката на Бирото за екологија во ИКАО, Џејн Хјуп, изрази искрена благодарност до Агенцијата за цивилно воздухопловство на професионалната организација, и потсети дека, успешното спроведување на CORSIA се потпира на сите земји кои добро ги разбираат своите специфични услови, како и врз потребниот капацитет и алатки за нејзино спроведување.
„Овогодишната серија на регионални семинари претставува надоградба на претходните семинари, но изборот на времето се совпаѓа со подготовките кои земјите треба да ги направат со цел да обезбедат дека можат да отпочнат со спроведување на CORSIA во 2019 година.
На 1 јануари 2019 година, сите земји мора да обезбедат дека нивните оператори со авиони се подготвени да започнат со следење на своите емисии на CO2, на сите меѓународни летови. Би скала да нагласам дека ова се однесува на сите земји кои имаат оператори кои вршат меѓународни летови, без разлика на одлуката на земјата за доброволно учество во CORSIA. Верувам дека по заминување од Скопје нашите учесници подобро ќе ги разберат одредбите за MRV наведени во предлог SARPs за CORSIA, како и потребните активности и односните одговорности на сите вклучени заинтересирани страни,“ – потенцираше Хјуп.
И домашните воздухопловни институции се подготвуваат за исполнување на обврските што Македонија како и останатите членки на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) треба да ги исполнат за примена на Системот за пренамена и намалување на јаглеродот за меѓународното воздухопловство CORSIA од почетокот на следната година.
Според директорот на АЦВ, Горан Јандреоски, формулата за утврдување на емисијата на јаглерод е комплексна со оглед дека ги опфаќа воздухопловите и од цивилната и од воената авијација.
„Над македонската територија на годишно ниво има повеќе од 300.000 летови и се знае кои се типовите на авиони. Станува збор за постапка во која авиокомпаниите ќе бидат под голем предизвик и притисок бидејќи ќе мора да постигнат одреден таргет што ќе биде зададен од индустријата и со тоа ќе треба да работат на подобрување на своите флоти, на нивните мотори за намалена емисија, а со тоа ќе се зголеми просторот за истражување на сите производители на воздухоплови и на мотори,“ – изјави Јандреоски, укажувајќи дека новиот систем нема да биде на сметка на патниците, туку на индустриите кои се директно вклучени во авиосообраќајот.
CORSIA состанокот во Скопје го отвори министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија, Горан Сугарески.