Одржан традиционалниот маскенбал „Емшири 2025“ во Велгошти
По повод празникот Прочка – Велики Поклади, денес во с. Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал „Емшири 2025“.
Како и претходните, така и годинава, на маскенбалот можеа да се видат голем број креативно изработени маски.
Симболичните награди за секое емширче ги додели претседателот на МЗ Велгошти, Кире Пердулоски.