Одржан традиционалниот Велигденски фудбалски натпревар помеѓу „Стари“и „Млади“ во Велгошти
Денес, на спортското игралиште „Тодор Александров” во с.Велгошти се одржа традиционалниот Велигденски фудбалски натпревар помеѓу „Стари“ и „Млади“.
На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 3:3, додека во изведувањето на пенали подобри беа „Младите“ со резултат 4:3.