Одржана 44 седница на Советот на Општина Охрид
Со усвојување на 98 од вкупно 99 точки од дневниот ред заврши 44-та седница на Советот на Општина Охрид.
Беа усвоени Предлог -одлуките за престанок на мандатите на советниците Горан Стојаноски и Горан Маркоски, а се верифицираа мандатите на Игор Јовески и Цветлана Вељаноска.
Зелено светло добија и Предлог – одлуките кои се однесуваа на Програмите за изведување училишни екскурзии како и за формирање паралелки со помалку од 20 односно 25 ученици во основните и средни училишта во градов. Беа усвоени и годишните извештаи и програми за работа на сите образовни институции во градов и селата, на ОЈУ „Кузман Шапкарев“ и на ЈОУДГ „Уасна Ристеска“ за учебната 2023/24 и 2024/2025г. Се утврди и работното време како и формирањето поголеми или помали групи за работа во детската градинка „Јасна Ристеска“.
На Седницата беа усвоени Предлог – одлуките за извештаите за работа на сите охридски јавни претпријатија како и плановите за вработување во нив како и Годишниот план за вработување во Општина Охрид за 2025 година.
Советниците ги изгласаа и точките од дневен ред кои се однесуваа на Секторот ТЛЕР како и од делот на урбанистичката сфера.
Единствено не беше изгласана Предлог – одлуката за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за период од 01.01 до 30.06 2024 година.
WebOhrid / 29.08.2024 / Општина Охрид