26/11/2024
Охрид

Одржана 44-та седница на Советот на општина Охрид

Советниците од Советот на општина Охрид, денеска ја одржаа 44 –та седница.

Советниците дадоа зелено светло за Предлог- одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар- Скопје, за Предлог- одлуката  за давање на времено користење на недвижен имот- градежно земјиште кое е Градежна парцела  1.2  од ДУП  УЗ 13 УБ 13.1, на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид и  за Предлог- одлуката за прифаќање на иницијативата за размена  на  градежно земјиште.

На Седницата беа усвоени   Предлог- одлуката за  измена и дополнување на одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документаци   како и за времен прекин на   постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти, бр. 08-3172/3 од 18.03.2020 година и Предлог-измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022.

Беше усвоена и Предлог- одлуката  за давање согласност на текстот на Aнекс договор на договорот за ЈПП солемизиран кај Нотар Васил Кузманоски под ОДУ.бр.694/15 за поделба на недвижноста.

Дневниот ред беше надополнет со три точки и тоа Предлог одлука за субвенционирање на ЈП „Градски пазар“ за набавка на унифицирани тезги, Предлог одлука за утврдување на локација за поставување на спомен обележјето на Григор Прличев и Предлог одлука за прифаќање донација на ламинат. Трите предлог одлуки едногласно беа усвоени од советниците.

Со исцрпување на дневниот ред заврши 44. седница на Советот на општина Охрид.