04/12/2024
ОхридРегион/Свет

Одржана 7-ма регионална Конференција на најдобрите наставници, директори и образовни лидери во регионот

„Светот на образованието го брише границите“ – 7-ма регионална Конференција на најдобрите наставници, директори и образовни лидери во регионот во Велика Горица, Хрватска.

Целта на конференцијата е да поттикне регионално вмрежување на најдобрите едукатори, наставници, професори, стручни соработници.

Иновативната работа на овие наставници е двигател и иницијатор на формални образовни реформи, на кои се повикуваат сите земји во регионот. На конференцијата присуствуваа повеќе од 200 наставници од Босна и Херцеговина, Република Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Македонскиот тим од 45 просветни работници, се врати дома со двајца нови полноправни членови на Асоцијацијата, 7 признанија за најдобри наставници, едно признание за најдобар директор, 3 признанија за најдобри штандови на Саемот на образование и признание за најдобар амбасадор за Ксенија Маказлиева Трајческа.

„Со големо задоволство и гордост ќе го понесам ова признание за: Најдобар наставник во регионот од Асоцијацијата на најдобри наставници и лидери во регионот!

Посветеноста, мотивираноста, ентузијазмот светнаа како уште една ѕвезда на ова ѕвездено небо на најуспешните наставници Среќна сум што за името на моето училиште ООУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани и мојот сакан Охрид се слушна дури во Хрватска.“ – вели Лила Каранфиловска.

Конференцијата заврши со доделување на сертификати на учесниците на конференцијата. Ова беше уште една можност најдобрите наставници од регионот да се соберат, да ги разменат своите идеи и искуства, да ја претстават својата работа и училиште, како и земјата од која доаѓаат.

Следната, осма по ред Конференција во прекрасниот Охрид, градот кој e лулка на словенската писменост и култура.

Светот на образованието ги брише границите!