Одржана обука на наставници за реализација на шах во училиштата
Денес, (27.10.2023), од страна на Марјан Митков и Борис Лушески се одржа обука на 42 наставници од осум основни училишта од Општина Охрид и две основни училишта од општина Ресен кои сакаат да ги одржуваат часовите по шах.
„Оваа година сме „засилени“ со уште еден партнер. Голема благодарност до NLB Banka Skopje која ги препозна нашите напори и ентузијазам да направиме исчекор и да им понудиме на наставниците и учениците можност да изберат да го изучуваат шахот. Благорадение на финансиската поддршка од NLB Banka Skopje, успеавме да набавиме шаховски гарнитури кои ќе ги донираме на училиштата што ќе земат учество на обуките.
Благодарност до Општина Охрид за отстапување на салата при општина Охрид каде се одржа обуката.“ – истакнуваат од ШК Ласкер Охрид.
Секое од присутните училишта од Шаховска Федерација на Македонија добија донација комплети шаховски фигури, додека од ШК Ласкер Охрид добија по еден Прирачник за шах, сите учесници добија Сертификати за учество на обуката.
„Остануваме отворени за соработка за сите училишта, јавни институции и приватни компании кои сакаат да се приклучат кон оваа идеја за имплементирање на шахот како предмет во основните училишта и да им дадеме можност на најмладите преку изучување на шахот да ги подобрат своите когнитивни способности.“ – велат од ШК Ласкер.
WebOhrid / 27.10.2023 / ШК Ласкер Охрид