Одржана работна средба „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам”
Денес во кабинетот на градоначалникот на општина Охрид, се одржа работна средба на која присуствуваа градоначалниците на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца Коста Георгиески, Рамиз Мерко, Сашо Јанкоски и Зоран Ногачески со преставници и надворешни експерти од Црвениот крст на тема „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам”.
Целта на состанокот беше да се информираат локалните самоуправи за активностите кои ги планираат планинските спсителните служби во рамките на Црвениот крст во подобрување на безбедноста на авантуристичкот туризам, по што и градоначалницте изразија полна поддршка за идна соработка и помош од страна на локалните самоуправи.