23/11/2024
Охрид

Одржана седмата седница на Советот на општина Охрид

Денес се одржа седмата седница на Советот на Општина Охрид, на која доминираа точки од урбанистичката сфера, односно одлуки за легализација на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Охрид.

Најмногу дебата се водеше за точките за ажурирање на на проценката на загрозеност на подрачјето на општината од сите ризици и опасности и за претходно донесената одлука на МЈП „Проаква“ за утврдување на тарифи на вода и на ЈП „Нискоградба“ по истата основа.

Точките од урбанистичката сфера, без расправа едногласно беа прифатени, додека точките за МЈП „Проаква“ и ЈП „Нискоградба“ не беа прифатени од мнозинството на советот.