Одржана трибина по повод Светскиот ден на менталното здравје
Комунална vs ментална хигиена (на недостиг на едната често се укажува, отпадоци, депонии, сè е тоа видливо, но наспроти неа за менталната хигиена и емоционалниот отпад, насобрани негативни, токсични емоции речиси воопшто).
По повод светскиот ден на менталното здравје 10 октомври во Центарот за култура „Григор Прличев“ одржан е едукативен настан (трибина ) од јавен карактер со цел давање поддршка на лица кои патат од пореметувања во однесувањето, ментални пореметувања, психосоцијални проблеми врзани за злоупотреба на алкохол или дрога, или се соочуваат со минливи кризи од овој тип предизвикани од животните промени и адаптивни реакции кои не се секогаш најсоодветни.
Оваа година, под мотото „Млади во светот што се менува“, сакаме токму преку подобро разбирање на овие појави, да ја отфрлиме стигмата кон лицата кои се соочуваат со вакви животни предизвици, а воедно да им покажеме дека се прифатени, дека не се сами во таа борба. Периодот на адолесценција е особено ранлив период во кој младите се изложени на нагли промени на личен план (хормонален дисбаланс, телесен, интелектуален развој), социјален (вежбање на нови улоги, потреба од докажување пред друштвото на врсници), носење први поважни одлуки. Некои од нив реагираат поемотивно и маладаптивно, не успеваат секогаш да се носат со ваквите ситуации и токму тука ние треба да им бидеме поддршка!
Публиката сочинета од средношколци, лица кои работат со младите како и нивните родители, укажаа на потреба од јавно говорење за проблемите од оваа природа, кои се „пикаат“ под тепих, младите се срамат да споделат, признаат дека имаат проблем и да побараат помош. Ова е условено од културолошките прилики и традицијата. Свое излагање имаа: м-р Алберта Гулицовска, психолог во гимназија ОСУ „Св.Климент Охридски“; и д-р Калина Сотироска, психолог, Доцент и декан на Факултетот за општествени науки на Меѓународниот Универзитет Визион;