23/11/2024
Охрид

Одржана триесеттата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид денес ја одржа триесетата седница на која беа усвоени Предлог -одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти и Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот и Акцискиот план за постапување по Заклучоците од 146-та седница на Владата на Република Северна Македонија.

Пред почетокот на седницата, на предлог на градоначалникот Константин Георгиески, дневниот ред беше надополнет со Предлог одлуката за давање на согласност на одлуката за измена и дополнување на статутот на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид и Предлог одлуката за утврдување потреба од донесување на проект за инфраструктура за улица „15-ти Корпус“ од кружната крстосница помеѓу улиците „7-ми Ноември“, „Железничка“ и „15-ти Корпус“ до пресекот со границата на ГУП на град Охрид.

Од дневниот ред на седницата беа повлечени Предлог – одлуката за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Охрид, Предлог – одлуката за давање согласност на одлуката за дaвање согласност на променет годишен план за вработување за 2019 година на ЈП„Билјанини Извори“ и Предлог – одлуката за давање согласност на одлуката за усвојување на Годишниот план за вработување на ЈП „Градски Пазар“ за 2020 година.

Советниците ги усвоија предлог-одлуките за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Вевчани, за определување на дополнителен надоместок за членовите за општинската изборна комисија Охрид и избирачките одбори за предвремените локални избори 2019 година, за изменување на одлуката за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. Исто така, беа усвоени предлог – програмите за измени и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота за 2019 година, на Развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за  2019 – 2021 година и на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата  на општина Охрид за 2019-2021.

Исто така, беа усвоени Предлог – одлуката за измени и дополнување на буџетот на општина  Охрид за 2019 година, Предлог – статутарната  одлука за изменување на Статутот на општина Охрид, како и Предлог-одлуките за усвојување на извештаите за реализација на општинските програми за работа како и предлог-одлуките за усвојување на извештаите за работењето на Одделението за даноци и на Одделението за комунални такси.

Советниците ги усвоија и предлот- одлуките за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата и Предлог-одлуката за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“-Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број. Беа усвоени  и предлог – одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во Охрид, за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во средните училишта во Охрид и за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2019/2020 година во општинските основни училишта.

Исто така беа усвоени и предлог – одлуките за давање согласност на планот за изменување на Годишниот план за вработување во општина Oхрид за 2019 година,  за давање согласност на Годишниот план за вработување во општина Oхрид за 2020 година,  за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини Извори“,  за давање согласност на одлуката за измена на статутот на ЈП„Градски гробишта“,  за давање согласност на одлуката за измена на Статутот на ЈП „Градски Пазар’, како и предлог одлуките за усвојување на извештаите за работата  на JП „Билјанини Извори“, ЈП  „Градски Пазар“, ЈП „Градски Гробишта“, ЈП„Охридски Комуналец“ и ЈП„Нискоградба“.