Одржана воспитно образовната манифестација „Детски семафор“
На улица „Македонија“, денес, во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот се одржа манифестацијата „Детски семафор“. На натпреварот учество зедоа учениците од општинските основни училишта, а за прв пат оваа година гости беа учениците од училиштето „Јахја Кемал“.
Организаторите и учесниците ги поздрави градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој што им посака успешен натпреварувачки ден, но и понатамошен успех во регионалниот и државниот натпревар.
Оваа сообраќајно воспитна едукативна манифестација се организира во соработка со Републичкиот совет за безбедност сообраќајот.