27/12/2024
Охрид

Одржани две седници на Советот на општина Охрид

Градските советници денес, една по друга, ги одржаа дваесет и деветтата и триесеттата седница. На првата седница се разгледуваа и се одлучуваше по 39 точки, дополнети со две нови. Содржината на дневниот ред на денешната работа на советот се однесуваше на усвојување на годишните планови за вработување во основните училишта, работата на дел од јавните претпријатија и општинската администрација и донесување на одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти.

Втората, триесета седница беше посветена на советнички прашања, на која доминираа теми за работата на ЈП „Охридски Комуналец“ и јавната хигиена во централното градско подрачје.


WebOhrid / 28.07.2023 / Општина Охрид