Одржано IV Општинско првенство во шах „7 Ноември 2024“
Вo просториите на OOУ „Братство Единство“ Охрид, денес (03.11.2024), во чест на 7 Ноември ден на ослободување на Охрид, во организација на ШК Ласкер Охрид, со поддршка на Општина Охрид се одржа IV Општинско првенство во шах “7 НОЕМВРИ 2024”. Се играше во 7 кола Швајцарски систем, темпо на игра 10’05. Учество зедоа 34 шахисти, меѓу кои и 2 девојки.
Најуспешен беше Велкоски Стојан со 6 поени од 7 партии и најдобар бухолц, втор беше Велкоски Иван со 6 поени, а тертото место го освои Алексовски Александар со 6 поени и најслаб бухолц во споредба со шахистите кои имаа 6 поени, најдобар млад шахист до категорија U14 со освоени 4,5 поени е Павел Мишески, а во категорија U12 со освоени 4 поени е Иван Пероски, најдобра шахистка Лушеска Емилија со освоени 3,5 поени.
Годишната програмата на ШК Ласкер Охрид, е финансиски подржанa од Општина Охрид.
Комплетната конечна табела на линкот: https://chess-results.com/tnr1035793.aspx?lan=1&art=1&rd=7&turdet=YES
WebOhrid / 03.11.2024 / ШК Ласкер