08/01/2025
Спорт

Одржано Државно првенство во ергометар

Охрид викендов беше во центарот на македонското веслање. Предизвикот за Веслачкиот клуб Горица Ремо беше организацијата на Државното првенство во ергометар, кое што за прв пат се одржа во Охрид.

Домаќини бевме на околу 40тина учесници од Веслачкиот клуб Црн Дрим и Веслачки клуб Врбник од Струга и Веслачкиот клуб Дебар од Дебар. Натпреварите се одржаа во пионерска, кадетска, јуниорска, сениорска категорија, како и натпревари во мастерс (ветеранска) категорија во женска и машка конкуренција.

Веслачите на Горица Ремо иако во редуциран состав, гордо и достоинствено се претставија на ова Државно првенство и докажаа дека со тренинг и волја успехот е загарантиран.

Најмладата веслачка од Горица Ремо, Ана Ничевска го освои сребрениот медал во кадетска категорија.

Во најбројната категорија кадети мажи, Андреј Крстески успеа да заврши на 5 позиција.

Александра Маленкоска ја одбрани титулата во сениорска конкуренција, пред нејзината клубска колешка Изабела Димоска која се закити со сребрениот медал.

Во машка конкуренција-сениори до златото прв довесла Климент Нанев.

Во доста возбудлива и изедначена борба помеѓу клубските колшеки во мастерс-жени, најбрза беше Валеннтина Модева Караѓуле, пред Тања Митрова и третопласирана Дениз Хајредин.

Во мастерс-мажи Коста Дескоски извесла за сребро, додека Методија Патчев беше третопласиран.

„Тоа што го обележа ова првенство претставува другарството и спортскиот фер плеј помеѓу учесниците. Преубави слики на спортско навивање и поддршка помеѓу учесниците.

Од гостите и спортистите добивме позитивни критики. Првенството е успешно завршено, а со тоа и официјално е затворена веслачката сезона за оваа година.

Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на гостите и спортистите кои што не удостоија со своето присуство, на Веслачката федерација на Македонија за доделената организација и огромно благодариме на центарот од Планинската Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид, за отстапениот простор и логистика за успешно да го организираме Државното првенство.“ – истакнуваат од Веслачкиот клуб Горица Ремо.