Одржано Државно првенство во шах за основни и средни училишта
Федерацијата за училишен спорт во соработка со Шаховската федерација на Македонија, Сојузот на училишен спорт на Скопје и Приватната Гимназија “Алгоритам” го организира Државното првенство во шах за основни и средни училишта.
На првенството учествуваа 112 учесници и тоа 91 машки и 21 женски.
Сите натпревари се играа со временска контрола по играч од 10 минути, со додаток од 5 секунди за секој одигран потег, Швајцарски систем од шест кола.
На првенството беа постигнати следниве резултати:
Основни училишта-машки:
- Емил Ристески – Скопје, ОУ „Јахја Кемал Јуниор“
- Андреј Велјаноски – Скопје, ОУ „Стив Наумов“
- Матео Ефтовски – Скопје, ОУ „Владо Тасевски“
– женски:
- Јана Анѓелкоска – Охрид, ОУ „Григор Прличев“
- Михаела Зрмановска – Скопје, ОУ „Јахја Кемал Јуниор“
- Леа Ефтовска – Скопје, ОУ „Владо Тасевски“
Средни училишта -машки:
- Ристе Јовчев – Скопје, СУГС „Јосип Броз Тито“
- Давид Манески –Прилеп, СОУ„Мирче Ацев“
- Андреј Крстевски –Куманово, СОУ„Гоце Делчев“
– женски:
- Манова Ивана – Скопје, СУГС „Орце Николов“
- Димовска Александра –Битола, СОЕУ „Јане Сандански“
- Митревска Сара –Битола, СОЕУ „Јане Сандански“
Учениците кои освоија прво место во сите категории се здобија со право на учество на спортскиот камп.