Одржано Државното првенство во шах за основни и средни училишта 2018
Денес во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид се одржа Државното првенство во шах за основни и средни училишта 2018.
На отворањето присуствуваше градоначалникот Јован Стојаноски, а турнирот за отворен го прогласи советникот во Советoт на општина Охрид, Мишел Силјаноски.
Настанот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Шаховската Федерација на Македонија, Сојузот на училишен спорт на Охрид и Шаховски Клуб „Ласкер“ – Охрид.
Наградени ученици:
Основни училишта
– девојчиња – учествуваа 8 девојчиња
1. Зрманоска Михаела ПОУ „Јахја Кемал“ Скопје
2. Лушеска Елена ОУ „Братство-Единство“ Охрид
3. Велкоска Ивана ОУ „Григор Прличев“ Охрид
– момчиња – учествуваа 25 момчиња
1. Златков Антон ПОУ „Јахја Кемал“ Скопје
2. Звездакоски Матеј ООУ „Блаже Конески“ Прилеп
3. Христовски Марјан ОУ „Д-р Трифун Пановски“ Битола
Средни Училишта
– учествуваа 18 од кои 16 момчиња и 2 девојчиња
1. Лазов Тони СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
2. Велковски Кристијан СУГС „Панче Арсовски“ Скопје
3. Крстевски Андреј СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово