Одржано изборно собрание на ГФК Охрид – Лихнидос
Вечерва во големата сала на општина Охрид се одржа редовното изборно собрание на Градскиот фудбалски клуб Охрид – Лихнидос. На дневен ред беа: Избор на работно претседателство и работни тела; Извештај на верификациона комисија; Одлука за усвојување на измени на Статутот; Одлука за усвојување на оставката на основачите на здружението на граѓани ГФК Охрид – Лихнидос; Одлука за усвојување на оставката на претседателот; Одлука за усвојување на оставката на членовите на УО; Утврдување на лица кои ќе се носители на актот на основање на зружението, Избор на претседател на здружението; Избор на извршен одбор на здружението; Избор на надзорен одбор на здружението.
За претседател на ГФК Охрид – Лихнидос е избран Владимир Алексијоски. За членови избрани се Јован Стојаноски, Владимир Алексијоски, Крсте Попоски, Александар Мартиноски и Игор Цветковиќ.
WebOhrid