26/11/2024
Охрид

Одржано јубилејно Собрание на Националната секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија

Изминатиов викенд  (26-28 јануари), во Охрид се одржа јубилејно Собрание на Националната секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија, по повод 10 години од нејзиното полноправно членство во светското ИПА семејство и 13 години од формирањето на ИПА, оддел Македонија.

На собранието, учествуваа претседателот Игно Стојков и членови на Управниот одбор на ИПА Македонија, делегатите од сите ИПА региони во Македонија како и претседатели и членови на делегации од Албанија, Романија, Бугарија, Грција, Кипар, Хрватска, Словенија и Австрија. Со нив, средба и разговори за нови иницијативи и форми за меѓусебна соработка, оствари м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид кој, приликата ја искористи за нова афирмација на Охрид, ИПА Охрид и Македонија.

Притоа, на претседателот Стефан Димоски, му беа доделени плакети за „одлична соработка и достигнувања на целите и интересите, принципите и репутацијата на Обединетите Нации (ОН) и на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија,” кои, му беа врачени од Аднан Имери, претседател на Меѓународната организација за економски развој OIDE, при Организацијата на Обединетите Нации (ООН) и Игно Стојков, претседател на Управниот одбор на ИПА Македонија.

Јована Илкоска
Член на Управен одбор  на ИПА ОХРИД