16/05/2025
Спорт

Одржано првото коло од Бизнис лигата „Охрид 2025“ во шах

Денес, (03.03.2025) со почеток во 20:00, во ООУ „Братство Единство“ Охрид, се одигра првото коло од Бизнис лигата „Охрид 2025“ во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид.

На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА Пласт Охрид, ЈП Нискоградба Охрид, ЈП Градски гробишта Охрид, Шпаркасе Банка АД Скопје, ООО Дизајн Принт Студио Охрид и УИТ Апостол Павле Охрид.

Во првото коло постигнати се следните резултати:

Бизнис лига Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.