23/11/2024
Македонија

Одземена лиценцата за извоз на месо на бразилската компанија Seara Alimentos Ltda

Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува операторите со храна дека преку Министреството за надворешни работи на Република Македонија, добиено е известување од дипломатско конзуларното претставништво на Федерална Република Бразил во Софија, Република Бугарија, дека на компанијата Seara Alimentos LTDA, која извезува месо и во Република Македонија и е одземена лицернцата за извоз.

Истата е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од оваа земја.

Од страна на инспкциските служби на Агенцијата засилени се контролите на граничните премини, со цел спречување на евентуален влез во земјава на пратки со месо од Бразил, кои потекнуваат од објекти кои се забранети за извоз.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната ја информираме јавноста дека по минатогодишните случувања и истрагите во месната индустрија во Бразил,Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана комуникација со амбасадата на Република Македонија во оваа јужноамериканска земја, со која се разменуваат информации за случувањата во месената индустрија, за што се информираат и стопанските комори во земјава.“- информираат од АХВ.

Увозот не месо во Република Македонија се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста.