26/11/2024
Струга

Одземена воздушна пушка по добиено известување во Полициската станица во Струга

На 31 октомври оваа година, во 15 часот и 10 минути, во полициската станица во Струга, добиено е известување дека две лица на улицата „Партизанска“, вршат испукување со пушка према езерото. По брзо излегување на посоченото место, полициските службеници ги затекнале В.И. (33) и А.Л. (27), двајцата од Струга, пришто, од А.Л. одземена е воздушна пушка – Д1 категорија односно пневматско оружје марка „Гам- ХУНТЕР ИГМ“ калибар 4.5 милиметри и кутивче со 70 патрони и дозвола за истите.

По извршен разговор во полициската станица во Струга, на А.Л. согласно одредбите на Законот за оружје, издаден му е прекршочен платен налог односно изречена му е глоба во висина од 600-1000 евра во денарска противвредност.