Официјална посета на канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц на Република Македонија
Во петок (07.09.2018), канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц доаѓа во официјална посета на Република Македонија.
Со почеток во 09:00 часот, австриската делегација предводена од канцеларот Курц ќе биде свечено пречекана на платото пред Владата на РМ.
Во 10:05 часот, канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе одржат прес-конференција во холот на Владата.