Официјални резултати од гласањето на Предвремените избори за градоначалник во Охрид
Државната изборна комисија по пребројувањето на гласовите, ги објави официјалните резултати од гласањето на Предвремените избори за градоначалник на општина Охрид.
Од вкупно 52.223 избирачи во избирачкиот список во Охрид, во првиот круг излезноста беше 53,84%. Гласаа 28.118 избирачи и тоа:
13.037 (46,37%) гласаа за Константин Георгиески;
10.614 (37,75%) гласаа за Митре Милошевски;
1.655 (5,89%) гласаа за Михаил Трендафилов-Нанче;
1.003 (3,57%) гласаа за Стевче Стевоски;
553 (1,97%) гласаа за Џемал Мена.
Вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња изнесува 1.256 (4,45%).
WebOhrid