Официјално започна со работа Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“
На ден 27.09.2024 година официјално започна со работа Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ – Охрид, кој со реновирање започна во 2022 година, а инвеститор е Министерството за образование и наука.
Извршени се следните градежни зафати во вредност од 1.7 милиони евра:
1. Промена на азбестниот кров со нов лимен 2300м2
2. Промена на подови 1720 м2
3. Енергетски ефикасна фасада 4980 м2
4. Нова електрична, громобранска, водоводна, одводна и атмосферска инсталација
5. 296 нови врати, прозори, портали
6. Обработени и молерисани ѕидови – 5500 м2
7. Соларен систем со 24 панели кој обезбедува 4000 литри топла вода
8. Партерно уредување – 3230 м2 бекатон
9. Партерно осветлување – 34 големи и 66 мали канделабри
10. Реновирани 40 соби и тоалети во ученичкиот дом и нова читална
11. Нов противпожарен систем
12. Озвучување на училиштето и ученичкиот дом
За краток рок пристигнува нов мебел (клупи, столици, табли, шкафови) и угостителска опрема за кабинетите по практична настава.
WebOhrid / 28.09.2024 / РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид