25/11/2024
Охрид

Ограбена банка во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „разбојништво“ извршено денеска во „Силк роуд банка“ лоцирана на пресекот на булевар „Македонски просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид.

Засега непознатиот сторител, денеска во 10 часот и 47 минути, со капа на главата и вооружен влегол во банката преку влезната врата и кога се приближил до шалтерот, побарал да му бидат предадени сите пари. Тоа, од страна на вработените било направено по што, засега непознатиот сторител, излегол низ влезната врата. 

На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид под водство на Јавен обвинител и полициски екипи. Со извршувањето на казненото дело, направена е материјалната штета околу 50.000,оо денари.