14/05/2025
Охрид

Ограничен пристап на моторни возила во стариот дел од градот за време на Велигденските празници

Поради зголемениот број на посетители и настани за време на Велигденските празници, се воведува контролирано спуштање на рампа во стариот дел на градот со цел зголемување на безбедноста на пешаците и регулирање на сообраќајот во тој дел на градот.

📍 Локација: Стариот дел на градот, рампа Горна Порта.

📅 Период: од 18 април (петок) 07 часот до 22 април (вторник) 07 часот.

Во тој период ќе биде ограничен пристапот на моторни возила, освен за жители на стариот дел на градот. Одлуката се донесе согласно минатогодишното искуство и согласно барањата на жителите од тој дел на градот.

ЈП „Билјанини Извори“ бара разбирање и почитување на поставените знаци и упатства од надлежните лица. Воедно, на сите граѓани им посакуваат мирни и радосни празници.


ЈП “Билјанини Извори” / 16.04.2025