Охрид блесна во боите на ретките болести
Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“ со која се дава поддршка на лицата кои боледуваат од ретки болести. Со ова општината и градот Охрид се приклучуваат кон глобалниот повик на „Еурордис“ за осветлување на локални и национални згради и споменици. Во февруари којшто е месец со најмалку денови во годината се запознаваме со нови 28 ретки дијагнози преку аудио,видео и текстуална форма со цел да се запознаеме со предизвиците со кои се соочува оваа категорија луѓе.
Покрај општината овој месец заблескаа и останати локации од градов меѓу кои: Самуиловата тврдина, гимназијата „Св. Климент Охридски“, црквата Св. Софија, Историскиот архив и скулптурата „Фаќач на крстот“.
Во Светот во месец февруари се реализираат низа активности со цел да се поддржат лицата коишто боледуваат од ретки болести.