Охрид домаќин на 12-то Државно Првенство на Бармени на Македонија
Оваа година по 12-ти пат ќе се одржи Државното Првенство на Бармени на Македонија. Забавата, пријатната атмосфера и супериорните таленти на бармените ќе го оправдаат и ова првенство.
Дводневното првенство (26.03 и 27.03) ќе биде исполнето со богата агенда во која се предвидени многубројни семинари, натпревари и квалификации. (http://bar.mk)
Локацијата годинава ќе биде во Liquid Boutique Bar & Kitchen во Su Hotel на самиот брег од прекрасното и живописно Охридско езеро.
Нема да изостанат врвните техники кои го чинат секое натпреварување возбудливо, вештините при маневрирање со пијалоците и секако стандардот IBA кој ни дава сериозен пристап кон самиот натпревар.
Настанот бележи официјален почеток на 26.03.2019 во 12:30 кога ќе пристигнат самите натпреварувачи и ќе учествуваат во лотаријата за редослед.
Како дел од квалификациите се очекува место да заземат 30-тина учесници, кои ќе бидат оценувани од технички судии според неколку критериуми:
- брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел
- работа со барски прибор
- умешност при декорација
- внимавање на хигиена при подготовка на коктел како и на бар простор
- ниво на позитивна енергија
- secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена).
Во исклучително софистициран амбиент под отворено небо ќе се одбере победник и претставник кој ќе ја претставува државата во Република Кина на на World Cocktail Competition.