Охрид домаќин на Бадникова литија
Со ѕвезди во рацете и пеење на коледарската песна „Вечниот Бог“ околу 800 деца од Охрид и Дебрца кои се дел од годинешната Бадникова литија утрово го најавија христовото раѓање. Манифестацијата која има десет годишна традиција по пауза од две години поради пандемијата со Ковид 19 е повторно возобновена.
На градскиот плоштад децата ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков:
– Прекрасно е чувството на Бадник да се биде тука меѓу овие дечиња кои се дел од годинешната Бадникова литија која од година во година станува се помасовна и буди се поголем интерес кај младите . На овој начин тие стануваат посвесни за својата вера и традициите кои се негуваат за најголемиот христијански празник Божиќ.
По пауза од две години поради пандемијата со КОВИД 19, организаторот Здружението за грижа и воспитување на Деца од Охрид со поддршка на Општина Охрид годинава ја возобнови оваа манифестација. Годинава учествуваат 800 деца од Охрид и Дебрца. Тие со ѕвезди во рацете и пеење на коледарските песни од рано утрово го најавија раѓањето Христово. Оваа манифестација привлекува внимание од охриѓани и гостите од земјава и странство кои во празничниве денови ги имаме во голем број. Тие со позитивни впечатоци и импресии заминуваат од кај нас и затоа како локална власт и во иднина ќе го подржуваме овој настан – рече градоначалникот Пецаков.
Поворката на дечиња утрово тргна од црквата „Св. Ѓоргија“ во Горна Влашка мала, преку улиците „Јане Сандански“ и „Туристичка“ ,коледарчињата преку охридската чаршија стигнаа до градскиот плоштад каде ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков.
WebOhrid / 06.01.2023 / Општина Охрид