22/11/2024
Охрид

Охрид домаќин на Фестивалот „Купувај локално“

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на фестивалот на локални производи „Купувај Локално“ што денес се одржа на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид. Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот Пецаков, рече:

– Дозволете да ја изразам мојата благодарност за организација на оваа богата софра на која се промовираат познатите охридски специјалитети: комат, ѓомлезе, леб под сач, различни видови макала, намази, домашно вино и сирење, a секако ги поздравувам и изработивачите на ракотворби.
Кратката многу позната изрека “Ние сме тоа што јадеме” на филозофот Ludwig Feurbach кој живеел во деветнаесетиот век, во целост го означува односoт помеѓу храната и традиционалните вредности и одлики на еден народ. Тоа значи дека се она што днес го гледаме не промовира токму нас.

Овој фестивал во иднина го гледам како уште еден настан кој ќе привлекува туристи, а Охрид ќе го промовира како туристичка дестинација која покрај другите содржини ќе понуди традиционална охридска храна и специјалитети карактеристични за овој регион.
Факултетот за туризам и угостителство покажува вистинска иновативност со организација на вакви настани и ги вклучува нашите студенти во активности кои се интересни, а ја поттикнуваат креативноста кај нив. Преку ова случување се едуцираат и поттикнуваат граѓаните да се определат за купување и јадење локална храна која се произведува на традиционален начин што е многу поздрава од се друго што се нуди на пазарот. На овој начин се промовираат приказните на локаолните производители кои и тоа како имаат што да кажат и пренесат.
Се надевам дека овој настан ќе добие традиционален карактер и дека значително ќе допринесе во промоцијата на традиционалната храна и домашните производители, затоа што се она што е домашно- наше е највкусно и најубаво- рече градоначалникот Пецаков.

Фестивалот има за цел да ги презентира локалните производители на храна, рачни ракотворби и други уникатни производи кои се автентични за ова поднебје.

Настанот беше отворен и слободен за сите граѓани и гости кои ја вкусуваа локалната храна и уживаа во мирисот на греаното вино, заедно со луѓето чии изработки ја негуваат традицијата и чувството за постоење.
Организатори на настанот се: Општина Охрид (Сектор за локален економски развој) и Факултетското Студентско Собрание на Факултетот за Туризам и Угостителство – Охрид.

Kupuvaj_lokalno_221222001Kupuvaj_lokalno_221222002Kupuvaj_lokalno_221222003


WebOhrid / 22.12.2022 / Општина Охрид