26/11/2024
Охрид

Охрид домаќин на Меѓународна научна конференција за услужниот сектор

Градоначалникот, Кирил Пецаков се  обрати  на дводневната  Меѓународна  научна конференција  за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024) што претпладнево започна  на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Во поздравното обраќање, во улога на домаќин градоначалникот Пецаков  укажа на значењето на вакви научни собири за градот Охрид како главен туристички центар во државава и регионов.

FTU270924012– Бројката  од  60  научни и стручни работници  од 20 научни и професионални институции од 11 земји е повеќе од  импресивна  и само докажува колку е сериозен и значаен овој настан за сите нас. Научните заклучоци кои ќе се донесат по дводневната ваша  работна средба, размената на искуства и идеи  се од клучно значење ако се земе во предвид дека услужната дејност е една од основните во Охрид кој од секогаш бил топ туристичка дестинација на Балканот.  Осознавање на пропустите за досега сработеното, решавање на проблемите и внесување на иновации е она за кое сум повеќе од сигурен дека ќе расправате. А ние се што е добро ќе прифатиме и примениме со цел Охрид да биде попривлечна и поинтересна дестинација за  побројни гости од земјава и странство.

Ви посакувам успешна и плодна работа на оваа важна меѓународна конференција. Се надевам дека покрај напорната работа ќе најдете доволно време да зачекорите покрај древнините на овој град и да го почувствувате неговиот милениумски спокој. Во Охрид по разни поводи доаѓале светски познати личности, научници, уметници, великодостојници, трагачи по реткости и добронамерници. Сите биле добредојдени и го пронашле она што го бараат и заминувале со многу инспиративни спомени кои ги терале повторно да се вратат и да ги почувствуваат убавините, духот и спокојот на овој древен град, најпрепознатливиот бренд на Република Македонија во Светот. Се надевам дека сите тие убавини на нашиот Охрид ќе остават длабок печат во вас, за одново и одново да се враќате кај нас – подвлече Пецаков.

 Меѓународната  научна конференција за услужниот сектор се одржува по 17-ти пат, а организатор на годинашното издание е Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.


WebOhrid / 27.09.2024 / Општина Охрид