Охрид домаќин на министерска средба за спроведување на акции/мерки според одлуката на УНЕСКО
Денес, Охрид, беше домаќин на трилатерална средба помеѓу министрите за култура на Република Македонија, Албанија и Црна Гора, на која главна тема беше спроведувањето на акции/мерки од одлуката на Комитетот за светско наследство на „УНЕСКО“.
На еднодневната средба свои излагања за тековните и идните активности поврзани со препораките на Комитетот за светско наследство на „УНЕСКО“ имаа градоначалниците и претставници на општините Охрид, Дебрца и Котор.
Градоначалникот Стојаноски, во своето обраќање соопшти дека за поефикасно спроведување на препораките на „УНЕСКО“ е формирана канцеларија за соработка со „УНЕСКО“. Покрај тоа, се остваруваат континуирани средби со Генералниот секретар и претставниците на Парламентарната група задолжена за спроведување на препораките. Исто така се остваруваат и средби со институции, граѓани и невладини организации се со цел за подигнување на свеста за важноста од усвојувањето на препораките. Понатака во своето обраќање градоначалникот додаде дека еден од погорливите проблеми со кои се соочува Охрид е нефункционалниот колекторски систем, за кој активно се работи на решавање на проблемот за целосна функционалност на системот.
Ваквите средби се од големо значење за регионот, бидејќи преку нив се изнаоѓаат решенија за заедничките проблеми во регионот.