Охрид го чествува Илинден
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена и со пригодна празнична програма, општина Охрид го одбележа 2. Август – Денот на Републиката.
Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, се поклони пред спомен облежјата на Илинденците во Градскиот парк.
Делегација на општината положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинска делегација положи свежо цвеќе и на споменикот во село Плаќе, каде што се одржа историски час и културно-уметничка програма посветена на празникот.
WebOhrid / 02.08.2022 / Општина Охрид