26/11/2024
Охрид

Охрид го слави Свети Климент Охридски – Патронот на градот

Чествувањата на Патронот на Охрид, Свети Климент Охридски, утрово започнаа со свечена литургија во храмот на Плаошник. На свечената литургија со која чиноначалствуваше владиката Тимотеј, помеѓу своите сограѓани присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски.

Градоначалникот Стојаноски и претставници на збратимените градови, дипломати, општествено политички организации и институциите од градот, пред спомениците во ОУ „Св. Климент Охридски“ и на градскиот плоштад, се поклонија и положија свежо цвеќе.

Во рамки на празнувањето, на градскиот плоштад, градоначалникот Стојаноски на Ева Маркоска, Дафина Дејкоска и Сергеј Костов им ги врачи наградите за најдобрите поетска творба од наградниот ученички и литературен конкурс. 
Настанот беше збогатен со културно – уметничка програма.