Охрид го зафати студен бран со дожд, снег и град
Во Охрид утрово врнеше дожд, снег, но и град со големина и изглед како зрнца од стиропор. Вака изгледаше времето во 7:00 часот…
Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата над околу 500 м.н.в со врнежи од снег. Претпладнево повеќе врнежи ќе има во западните делови, а попладне ќе се задржат главно на југот од земјава. Ќе биде и ветровито со силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.