26/11/2024
Охрид

Охрид ќе добие пешачко-рекреативна патека кај каналот „Студенчишта“

Општина Охрид ги започна  подготвителните активности за  изградба и  уредување на пешачко – рекреативна патека  која ќе се протега од ресторанот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско Рекреативен Центар. Деновиве екипи на ЈП „ Охридски комуналец“ го расчистуваат теренот.

Патеката е предвидено да има аморфна  форма со променлива ширина  со цел  да се поставува урбана опрема без да се попречи линијата на движење на корисниците. Патеката со  своите содржини ќе биде одделена од каналот  со зелен појас од висока  и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на  посетителите. На западната страна е предвидено да има и велосипедска патека   за да има целосно рационално користење на просторот . Пристапот на патеката  долга 265 метри, колку што е и каналот ќе биде од повеќе точки.

Со  изградбата  и уредувањето  на патеката ќе се обезбеди непречена врска помеѓу кејот и комплексот „Билјанини извори“.

На почетокот на реализацијата на овој   проект му претходеше  Јавен конкурс што го распиша општина Охрид  за избор на идејно  решение за  пешачко-  рекреативна патека од ресторанот „Билјанини извори“ до СРЦ „Билјанини извори“ на кој се пријавија две анонимни фирми со идејни решенија од кои беше избрано подоброто.