Охрид подготвен за одбележување на Водици 2025
Оваа година со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, а во соработка со Општина Охрид градоначалникот Кирил Пецаков, јавните претпријатија, претставници од МВР, Капетанија на пристаништата, Црвен крст, нуркачите клубови, а во согласност со воспоставената традиција, се одржа координативен состанок по повод празнувањето на Богојавление – Водици.
Чествувањата ќе бидат составени од два дела. Црковен дел, за кој е задолжена МПЦ-ОА односно Дебарско-кичевската епархија и вториот е граѓански и го координира Општина Охрид, а се однесува на целокупната празнична програма.
19-ти јануари (недела)
Богослужби во сите парохиски цркви во Охрид, во стариот дел од градот Св.Никола Геракомија, Успение на Пресвета Богородица – Каменско, Св.вмч.Георги Горна Влашка Мала, Св. Никола Долна Влашка Мала.
Света Архиерејска Литургија во Успение – Каменско на која ќе чиноначалствува Митрополитот Тетовско гостиварски г.Јосиф.
-7:00 часот утрена богослужба.
– 8:15 часот Литургија
– 9:45 Литија кон градското пристаниште
– 10:00 часот ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро.
– Крводарителска акција
– 12:00 часот групно крштевање во месноста Сараиште.
Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.
Во недела на 12-ти јануари и покрај најавените снежни врнежи охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст. Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.