Охрид претставен на туристичкиот саем во Призрен
Деновиве, Охрид беше претставен на туристичкиот саем во Призрен, Република Косово. Делегацијата на општина Охрид, во чиј состав беа и туристичките работници од градот, зеде учество на панел дискусијата која се организира во рамки на саемот.
Штандот на Охрид, побуди голем интерес кај присутните, а меѓу посетителите беше и градоначалникот на Призрен, Митахер Хаскука.
На завршната церемонија на туристичкиот саем, од страна на Призрен на општина Охрид и беше доделена благодарница.