26/11/2024
Охрид

Охрид се поклони во чест на ослободителите

Во рамки на чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид,  делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков се поклони и  положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на  Јасна Ристеска  во с. Рамне каде се одржа панихида  и културен настан на најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ во Спомен паркот на револуцијата, кај градските гробишта , во градскиот парк, во дворот на Основен суд и во дворот на  СОСУ „Кирил и Методиј“.

Пред спомен обележјата на борците се поклонаа и останати  делегации на  претставници од  политичкиот и јавниот живот од градов.


WebOhrid / 07.11.2024 / Општина Охрид