„Охрид трчаТ 2020“ презакажан за последниот викенд од август
Датумот е нов, но целта иста. Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2020“ збогатен со полумаратон (21 километар) да биде спортски празник од светски размери во Охрид. Четвртото издание на „Охрид трчаТ“, ќе се одржи од 28 до 30 август низ градските улици со позитивна енергија и атмосфера, како никогаш претходно.
„Официјално, ве известуваме дека поради новонастаната ситуација со Ковид-19. го одложивме Охрид трчаТ од 7 јуни и го презакажавме за последниот викенд од август месец.
Одлуката за избор воопшто не беше лесна. Сакавме и размислувавме за Вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можеме да ви понудима опција што е најприфатлива.
Ние ќе се погрижиме за добар спортски викенд во Охрид. Гратис од нас добивате бањање во Охридското езеро и затоа носете со вас купачи!
Чувајте се и се надеваме дека ќе ве видиме на трката во август!
Што се однесува до сите регистрирани тркачи до сега, во следните 24 часа ќе испратиме е-пошта со информации за опциите што ги подготвивме за вас. Пријавените учесници имаат три опции. Задржување на пријавата за учество оваа година. Целосно рефундирање на финансиската средства од пријавата. Автоматска пријава за следното петто издание на Охрид трчаТ.“ – информираат организаторите.