23/11/2024
Спорт

„Охрид трчаТ“ ќе биде дел од 19-то издание на сплитскиот маратон

Најголемата спортска манифестација во нашиот град, „Охрид трчаТ“, ќе биде дел од 19-то издание на сплитскиот маратон кој се одржува во еден од најубавите градови во Хрватска. „Охрид трчаТ“, својата богата програма ќе ја претстави на експото пред целата тркачка елита, на детските и штафетните трки и на главниот настан кој ќе се одржи в недела на 23 февруари.

Маратонот во Сплит се одржува од 2001 година. Со текот на времето и трендот патеката се менувала, но стартот и финишот останале на истото место како од почетокот. Организаторите на сплитскиот маратон патеката ја менувале се со цел да се доловат сите убавини на градот. На маратонот ќе учествуваат најдобрите тркачи и на стартната линија се очекува да се појават околу 15 000 вљубеници во трчањето.

Четвртото издание на „Охрид трчаТ“ оваа година ќе биде збогатено со полумаратон. Со овој потег и со презентацијата во Сплит, организаторите направија голем чекор напред кон приклучувањето на големите градови со полумаратон.