Охридската библиотека од понеделник со летно работно време
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 12 јуни до 4 септември ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.
Одделот за зајмување книги од понеделник до петок ќе биде отворен во терминот од 08:30 до 16:00 ч.
Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.
Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 14:00 часот, а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15:00 часот.
Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.
Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.
Годишната членарина останува и натаму иста, за возрасни е 300, а за деца 200 денари.
WebOhrid / 08.06.2023 / НУ Библиотека – Охрид