Охридската Библиотека утре ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик и азбука
Националната установа Библиотека „Григор Прличев“од Охрид, утре – петок на свечен начин ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик и азбука.
На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озаконува првиот правопис на македонскиот јазик.
Петти мај е ден за паметење и славење.
Утре во нашата Библиотека од 10:00 часот во соработка со градинките и училиштата и граѓаните ќе бидат промовирани македонскиот јазик и литература.
– Македонскиот јазик темелот на македонската државност: „Од Климента, преку Прличев до Конески и Шопов“ – обраќање на м-р Милчо Јованоски, директор на Библиотеката.
– Честика за Денот на македонскиот јазик – видео обраќање на проф. д-р Људмил Спасов, претседателна Советот за македонски јазик.
– За македонската азбука, јазик и култура Бети Лазеска – Симоноска, библиотекар
– Изложба на дела (книги) од Фондот на библиотеката од Конески и Шопов (100 години од неговото раѓање).
– „Проста и строга македонска песна“ Документарен филм за Конески.
– „Тешкото“ – документарен филм
– „Цртаме инспирирани од азбуката“ – деца од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид
– Рецитал посветен на македонскиот јазик ученици од ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани
– Рецитал посветен на Конески и Шопов со ученици од ООУ „Христо Узунов“ – Охрид
Настанот е отворен за сите граѓани. Упатуваме, посебна и јавна покана до сите наставници по македонски јазик од основните и средни училишта во Охрид да ни се придружат во одбележувањето на денот на македонскиот јазик.
WebOhrid / 04.05.2023 / НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид