23/11/2024
Охрид

Охридската територијална противпожарна единица го одбележа Денот на пожарникарите

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска присутвуваше на пригодниот настан во Територијалната противпожарна единица во Охрид, по повод 20-ти мај, Денот на пожарникарите.

Тој упати голема благодарност и честитки до пожарникарите за нивната пожртвуваност во извршување на работните задачи и потенцираше дека Локалната самоуправа во континуитет работи на подобрување на условите за работа на службата, набавка на дополнителна опрема и возила.

Командирот на Територијалната противпожарна единица,  Борко Јанкулоски истакна охридската противпожарна единица брои вкупно 39 пожарникари и е една од најекспедитивните, скоро најдобро опремена и подготвена во секое време да реагира на било каква интервенција.

Од почетокот на оваа година до денес охридските пожарникари имале вкупно 202 интервенции од кои 152 пожари на објекти, отворен простор и пожари на сообраќајни средства.


WebOhrid / 20.05.2024 / Општина Охрид